Заштитата, помошта и поддршката на ранливите групи не се исцрпува само низ облиците на социјална заштита. Таа подразбира и вклучување на сите засегнати страни во поглед на унапредување и развој на формите и видовите на заштита. Министерството за труд и социјална политика посебно става акцент на грижата за ранливите групи и социјално исклучените лица согласно со начелото на социјална праведност.

Ова денеска го истакна министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими во поздравниот говор по повод изборот на 12-те социјални претпријатија што ќе бидат поддржани во рамките на проектот „Зајакнување на социјалното претприемништво“ во Македонија, кој е имплементиран од страна на ЕПТИСА, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, финансиран од ИПА.

-Ние се стремиме кон развивање на нов пристап за решавање на социјалните проблеми – наместо обезбедување на привремена, краткотрајна поддршка за сиромашните групи сакаме да создадеме правни и финансиски услови за социјална и професионална реинтеграција, обука за работа и создавање на работни места во иднина, истакна Ибрахими.

За постигнување на овие цели, додаде министрот, се пристапи и кон подготовка на нов Закон за социјално претприемништво, процес во кој се и ќе бидат вклучени сите засегнати страни, со што ќе се обезбеди целосно партиципативен и транспарентен процес на донесување на оваа регулатива.

Мауро Ди Вероли од Делегацијата на ЕУ во Македонија рече дека социјалното претприемништво игра важна улога во социјалните, економските и еколошките предизвици, а истовремено обезбедува и инклузивен раст за зеднички просперитет и социјална инкјлузија.

– Социјалните претпријатија имаат главна цел да имаат социјално влијание, а не да остварат профит за сопствениците на претпријатијата. Тие обезбедуваат добра и услуги за пазарот на еден претприемачки и иновативен начин, а профитот го користат за постигнување на социјалните цели. Целта на социјалните претпријатија за поедниците не треба да се потценува бидејќи тие се базираат на принципите солидарност и реципроцитет, рече Ди Вероли.

Тим лидерот на проектот Барбара Садовска информира дека целта на проектот е инклузивноста на пазарот на трудот бидејќи, како што рече, е многу важна за да се воспостави рамнотежа меѓу конкуртентноста и инклузивноста.

-Кај конкурентноста не се подразбира исклучување, туку конкурентност која ќе биде инклузивна. Целта е да се создадат добри услови за развој на социјалното претприемништво во Македонија.

Појасни дека пректот се состои од две компоненти. Првата компонетата се однесува на директна подршка на избраните социјални претпријатија кои треба да бидат пример на човечка солидарност и социјална правда, додека втората е фокусирана на креирање на легислатива и на финансиски инструменти кои ќе им дадат поддршка на организациите но и да им овозможат одржливост и континуираност.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2017 15:40