Инспектор од општина Центар издаде решение ги казни бистро “Бруклински“ на ул.“Орце Николов“ и кафе “Че“, спроти Универзална сала. Во бистрото “Бруклински“ е констатирана двојно повисока бучава од дозволената, а мерењето во двата објекта е извршено со прецизен модуларен анализатор на звук.

Граѓаните се жалеа на бучавата бидејќи објектите се во станбена зона и мерењето на бучавата е извршено по 23:00 часот.

Два угостителски објекти на Боемската улица 1, “Ганза“ и “Канцеларија“, и покрај неколкуте опомени од страна на инспекција на општина Центар, не го испочитуваа законскиот услов за задолжителна изработка на елаборат за заштита на животната средина.

Доколку и по оваа опомена пред казна, сопствениците не ја испочитуваат законската обврска, ќе бидат санкционирани согласно позитивните законски норми.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2017 15:30