Во Градскиот парк во Скопје претпладнево се одржа петтата Авицена женска трка, која е дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2017. Оваа трка секоја година добива се поголема популарност и масовност, а оваа година Авицена Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација.
На Авицена женска трка учество зедоа рекорден број учеснички, односно беа пријавени повеќе од 1.500. Трката е во должина од 2 километри и медали и дипломи беа доделени за 3-те најдобри натпреварувачки во повеќе возрасни категории, и тоа за возраст до 12, 14, 18, 30, 40, 50 и над 50 години.
Во генералниот пласман на петтата Авицена женска трка победи Бојана Наумовска.