Тони Адамс, поранешниот капитен на Арсенал и на репрезентацијата на Англија, е именуван за нов тренер на Гранада. Некогашниот стопер потпишал договор до крајот на сезоната.
Адамс има 50 години, тренерската кариера ја почна во 2003 година, уште додека беше активен играч во Вајкомб вондерерс.
Во меѓувреме ги водеше Портсмут и азербејџанската Габала. Гранада моментно е претпоследна во Ла Лига со 20 бодови, седум од зоната на опстанок.
Адамс на клупата на тимот кој нема победено од први март ќе дебитира против Селта, во недела од 20.45 часот.