Реал Мадрид и Баерн ќе бидат ослабени бидејќи нема да играат нивните клучни дефанзивни играчи во меѓусебниот дуел од четврт-финалето на Лигата на шампионите во среда, во Минхен.
Реал еден месец ќе биде без искусниот стопер Пепе, кој скрши две ребра во градското дерби со Атлетико (1-1) во саботата.
Португалецот се повреди половина час пред крајот на натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, при судирот со соиграчот Тони Крос. Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, има доста проблеми за да ја состави одбраната за наредните натпревари, бидејќи не може да смета ниту на Французинот Рафаел Варан.
Големото дерби во четврт-финалето на Лигата на шампионите ќе го пропушти и Хумелс, кој го повреди глуждот на десната нога на тренингот на Баерн вчера попладнето.
Првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите меѓу Баерн и Реал се игра во среда, од 20.45 часот во Минхен.