Фејсбук претстави нов систем што би требало да ги спречи оние кои ќе сакаат да објават туѓи порнографски материјали со цел – одмазда кон некого.

Имено, компанијата ќе користи технологија за препознавање интимни фотографии и спречување на објавуање на истите без дозвола на засегнатото лице. Тој метод ќе го користат и Фејсбук и Инстаграм.

– Ако некој се обиде да сподели фотографија која е пријавена или веќе еднаш тргната, тој ќе биде предупреден дека ги крши правилата и дека сме ја спречиле објавата, стои во соопштение на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2017 05:53