Многу од луѓето кои се одлучуваат за ласерска корекција на диоптерот, се загрижени дека по операцијата ласерот некако ќе ја измени “природноста” на нивната визија. Всушност бранот на ласерот создава поприродна визија отколку очилата.
Очилата го нарушуваат искуството на гледање на неколку начини.
Прво, од практична гледна точка, тие не се статични, може да паднат да се изгребаат и да се извалкаат, со што се деградира точноста на нивна корекција.
Второ, корективната моќност на очила е оптимална само во една точка, наречена “оптички центар” на објективот.
Ако се погледне на страна од оваа ” точка” во леќата на очила, а потоа повторно се гледа преку неа ќе дојде до нарушување на визијата. Исто така, очилата немаат корекција на нивните страни, т.е вашата периферната визија е ограничена само на стаклата на очилата.
Малку познат факт е и дека очилата ја менуваат големината на сликата. Колку е поголем диоптерот, толку посилно изменета слика добивате. Наочарите и леќите за кратковидост ја намалуваат сликата за 2% по диоптер т.е ако некој човек со кратковидост носи диоптер 5 тогаш неговата слика ќе биде намалена за 10% од онаа што луѓето без наочари ја гледаат.
Спротивно на тоа, очилата за далековидост со конвексни стакла ја зголемуваат сликата за 2% т.е луѓето го гледаат светот поголем отколку што навистина е. Оваа појава објаснува зошто очите на луѓето со далековидост изгледаат зголемени кога ги гледаме преку нивните очила.
Затоа најдобро е да се одлучите за ласерска корекција на диоптерот која трае не повеќе од 5 мин, сосема е безболна и засекогаш, трајно ќе ви ја врати реалната слика на светот.