Вчера, Општина Центар го затвори дивото градилиште на угостителскиот објект “Бастион“, кој се наоѓа на улицата “Ленинова“ во Дебар Маало.

На 9.2.2017 година, овластениот градежен инспектор на Општина Центар донесе решение со кое се наредува на инвеститорот Томислав Алексовски да ја отстрани челичната конструкција со димензии 12Х10 метри и да ги врати во првобитна состојба срушените скали. Сето ова е изградено без одобрение за градење.

Инвеститорот го примил решението и не само што не престанал и не ја вратил градбата во првобитна состојба, туку изградил доградба под челичната конструкција и бетонска платформа, со димензии 12Х10 метри. И ова, инвеститорот го изведувал без одобрение за градење.

Инспекторот на општина Центар издал решение дивоградбите да се отстранат во рок од 3 дена, во спротивно ќе се пристапи кон присилно уривање на дивоградбата.

Жалбата против ова решение не го одлага извршувањето и општина Центар распиша јавна набавка за избор на фирма која ќе го изврши уривањето, а потоа ќе побара и асистенција од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2017 09:41