Тетовската полиција изутрината во 8 часот добила информација за наводно поставена експлозивна направа во Основниот суд во Тетово.

Полицијата веднаш го обезбедила местото и по насоки добиени од Обвинителството ги презела потребните мерки, а била повикана и единицата за антитероризам на МВР за да се изврши проверка во целиот објект и околу него дали и каде има поставено експлозивно средство.

Случајот не бил пријавен на телефон, туку со оставен лист-хартија во објект на улицата „Струшка“ во близина на Судот. Во тек се активности за утврдување кој го пријавил настанот и се друго поврзано со него.

Повеќе информации од полицијата најавуваат за подоцна во текот на денот. / МИА



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2017 12:19