Цените во земјоделството во март годинава кај импутот пораснале за 3,6 отсто, додека кај аутпутот зголемувањето изнесува 4,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со март 2016 година, во делот импут, цените на тековно потрошени средства во земјоделството пораснале за 3,9 отсто, а цените на средствата наменети за инвестиции се намалиле за 0,4 отсто.

Во делот аутпут, пак, цените на растителното производство пораснале за 6 отсто, додека цените на добиточното производство се намалиле за 1,4 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2017 13:39