Кристијано Роналдо, напаѓачот на Реал Мадрид, беше јунакот во победата на „кралевите“ над Баерн Минхен и со тоа ја испиша историјата на УЕФА.
Португалскиот репрезентативец беше стрелец во 47-мата и во 77-мата минута и со тоа стигна до бројот сто постигнати голови во европските натпреварувања.
По неговиот втор гол, тој стана прв фудбалер кој постигнал сто голови во европските натпреварувања под покровителство на УЕФА.
Мадриѓаните со головите на Кристијано Роналдо по пресвртот ги совладаа „баварците“ со резултат 2-1.
Неверојатен е и податокот дека Роналдо има постигнато 17 голови во исто толку натпревари во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Вечната листа:
100 – Кристијано Роналдо (143 натпревари)
97 – Лионел Меси (118)
76 - Раул Гонзалес (158)
70 - Филипо Инзаги (114)
67 – Андреј Шевченко (142)