Првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на Европа меѓу Лион и Бешикташ не почна навреме поради упадот на навивачите на теренот. Надлежните одлучија да ги испразнат трибините и натпреварот почна со задоцнување од 50 минути, односно во 21.45 часот.

Стотина навивачи упаднаа на теренот на стадионот во Лион за да побараат заштита од насилството кое се случувало на трибините.

Насилството почнало во градот пред самиот почеток на натпреварот, но судирот продолжил и на стадионот.

Навивачите на Бешикташ, коишто беа сместени во горниот дел на трибините, ги гаѓале со пиротехника навивачите на домашниот тим коишто биле под нив.

Инцидентот се случи откако УЕФА ги засили мерките на обезбедување по експлозијата која се случи во Дортмунд, кога беше повреден Марк Бартра, играчот на Борусија.

Денеска, во официјално барање до УЕФА челниците на Лион побараа реванш натпреварот во Турција кој треба да се одигра наредната недела да се игра пред празни трибини.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2017 16:01