На 24. април во Јавна соба ќе биде промовирана далматинската кујна, односно главниот туристички адут – храната, по која голем број на туристи се враќаат повторно во Хрватска со години. Се работи за чиста гастронска уметност и баланс на вкусови за кои далматинците се прави виртуози.
“Храна за душу!!”, така ја нарекуваат нашите гости кувари од Задар, Хрватска, Игор Чупахин и Марцел Шкарица храната која што ја подготвувале нивните баби, па мајки, а тие биле благословени што ги наследиле рецептите и дури многу успешно ги надградиле додавјки современ далматински шарм низ призма на зачини, сосеви и начин на сервирање.
За оваа пригода на 24. април во Public Room подготвено е типично приморско мени кое е зачинето со шмек од континентални намирници за да се избалансираат вкусовите и доживее Далмација на вистински начин.
Игор Чупахин вели “Ние луѓето од Задар и Далмација сме големи, весели и питоми луѓе, сакаме секој пат да јадеме многу и добро, и добро го правиме тоа, особено кога покрај себе имаме добро друштво и врно вино.”
Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/1341311225947877/
“Вкусот на Далмација” е уште една програмска активност во рамки на прогрaматa “Вкусот на Скопје” која Јавна соба ја спроведува во соработка со гости кувари и има за цел да креира вистински вреднсоти во поглед на гастрономија и добро конзумирање на храна во Македонија. WWW.PUBLICROOM.ORG