LinkedIn, Greenhouse, Jobvite и сличните платформи одма на глобално ниво се етаблираа како неизбежни стартни точки за барање работа и работници. Поединците и работодавците на тие платформи и на социјалните мрежи фокусирани на пазарот на труд со години градат мрежи од деловни контакти. Google досега беше целосно надвор од овој дел од пазарот, а сега одлучија да направат нешто по тоа прашање. Наскоро Google ќе ја пушти во употреба новата платформа Google Hire, која ќе се обиде да го освои пазарот за размена и барање работа.
Засега се се одвива тајно, но во одделот Google Entreprise & Cloud вредно работат на развојот на новата услуга. Засега нема детални информации како ќе изгледа платформата, како што се уште не е дефинирано ни кога ќе биде лансирана. Сепак, нема сомнение дека Google Hire ќе биде интересна новина, барем првите неколку денови или седмици додека не се види дали ќе има капацитет да ги нападне моментално најголемите играчи на тој пазар.