Благодарение на апликацијата WhatsApp која што е во сопственост на Фејсбук, разбиена била голема група на педофили - уапсени се 39 лица.

Криминалната мрежа чии што членови сексуално искоритувале и злоставувале деца била разбиена откако полицијата преку апликацијата WhatsApp, пронашла фотографии на злоставуваните деца кои што педофилите ги испраќале меѓусебе, пренесува британски „БиБиСи“.

Уапсени се вкупно 39 лица кои што се осомничени за злоставување на деца. Лицата биле уапсени во неколку држави во Европа и Јужна Америка во големата акција која што ја започнала шпанската полиција во соработка со Еуропол и Интерпол.

Шпанските истражители откриле сомнителни интернет страници на "Dark Web" од каде што некако успеале да дојдат до WhatsApp групите. Потоа, полицијата „упаднала“ на групите на WhatsApp каде што биле пронајдени фотографиите од злоставуваните деца. За време на претресот во куќите и становите на членовите на оваа криминална мрежа, според извештаите на Европол, биле одземени стотици паметни телефони и таблети кои што содржеле неколку терабајти докази за сексуално злоставување на деца.

Оваа акција под назив „Танталио“ била спроведена во Германија, Шпанија, Португалија и неколку земји во Јужна Америка, меѓу кои Аргентина, Чиле и Еквадор. Компанијата Фејсбук, во чија што сопственост е WhatsApp, се уште се нема огласено во врска со овој случај.

Извор: Точка



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2017 05:09