Воведувањето на лозинка при влегување во даден профил може да е прилично непрактично и досадно. Затоа доста луѓе ја користат истата лозинка за повеќето профили, со што се изложуваат на доста голем ризик. Самите лозинки исто од далеку не се сигурен начин за заштита. Затоа Microsoft има алтернатива – мобилната апликација „Authenticator“, соопштува интернет изданието Engadget.
Апликацијата му овозможува на корисникот да го поврзе својот профил со својот смартфон. Така, кога сака да влезе во својот профил, дури и од компјутер, само треба да го внесе корисничкото име. По неколку секунди ќе добие известување во апликацијата на телефонот дека има барање за влез во профилот и може да ја одобри или отфрли. Нема потреба од воведување на лозинка или други податоци.
Целта на услугата е како да им се олесни на корисниците, така и да се зголеми нивната безбедност. Тие секогаш ќе разберат ако некој се обидува да влезе во нивниот профил, бидејќи ќе добиваат известување на својот телефон и ќе можат да одбијат пристап.
Во секој момент корисникот ќе може да ја користи и класичната лозинка, ако телефонот му е исклучен, изгубен или украден. Апликацијата на Microsoft може да работи само со профилите на компанијата, откако веќе е достапна за Android, iOS и Windows Phone.