Доколку сте корисник на Инстаграм платформата на Андроид ова се добри вести за вас.
Корисниците кои се офлајн сега ќе може да ги видат претходно вчитаните содржини на News Feed профилите кои ги посетиле и објавите во Explore табот, а исто така ќе може да остават коментари на објавите, да ставаат лајкови, да прикачуваат фотографии и видео содржини, да бришат луѓе од листата на пријатели.
Секако, коментарите и лајковите нема да бидат видливи се додека корисникот повторно не се поврзе на интернет.
Инстаграм одлучи да ја воведе оваа опција поради тоа што голем број на корисниците кои ги има се од земји во развој со лоша интернет врска, како и со ограничен мобилен интернет.