Меѓународното училиште „Нова“ по 11-ти пат организира хуманитарен семеен базар на кој ќе се продава традиционална храна од повеќе земји, книги, ракотворби, а ќе има и музички и танц настапи.

Дел од собраните пари ќе бидат наменети за Домот за деца без родители „11 октомври“ во Скопје.

Базарот е организиран од Здружението на родители на учениците во „Нова“.

На настанот ќе бидат присутни повеќе амбасадори чии деца се школуваат во училиштето, а дел од нив ќе бидат задолжени и за подготовка и продажба на храната од земјата каде потекнуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2017 12:15