Неколку кувари и ученици од Угостителското училиште Ванчо Питошевски подготвија шопска салата која тежи 202 килограми и 86 грама. Со ова, Охриѓаните ќе конкурираат за влез во Гинисовата книга на рекорди.
Иницијативата за правењето на најголемата шопска салата е покрената од куварите и учениците а поддршка за овој подвиг даде и локалната самоуправа од Охрид.
За правењето на салата се употребени исклучиво македонски производи.
„Користевме само македонски производи а ја подготвувавме по светски стандарди. За да стигнеме до рекордот, употребивме 80 килограми краставици, 80 килограми домати, 40 килограми сирење, 20 килограми кромид и 10 килограми пиперки“ вели главниот кувар Димитар Арнаудовски.