Петмина припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 12.30 часот на автопатот Велес – Скопје.
Според МВР, сообраќајната несреќа се случила во близина на наплатната рампа Сопот, а во неа учествувале три возила на АРМ, кои се движеле во конвој на редовни вежби на армискиот полигон Криволак.
Повредените војници биле префрлени во велешката болница, каде по укажната помош лекарите констатирале дека нема потреба да бидат задржани за понатамошно лекување.
На местото на несреќата се врши увид за утврдување на причините и на околностите во кои се случила сообраќајната несреќа.