Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија оваа година за прв пат ја промовираше туристичката понуда на земјава на интернационален саем за туризам во Дубаи.

Arabian Travel Market (АТМ) e еден од најголемите саемски манифестации во Азија на кој Македонија ги претстави своите природни убавини, традицијата, активностите во природа и гастрономскиот туризам.

Од околу 30 000 бизнис посетители и 2800 егзибитори присутни на саемот, Македонија успеа да го привлече интересот на домаќините кои видоа можност за проширување на својата понуда. Потенцијалот за соработка со Дубаи се зголемува поради фактот дека Македонија е поврзана со Дубаи со директната авионска линија Flydubai, како и новата линија до Доха, Катар, со Qatar Airways која почнува со работа од јули оваа година.

Со 24 годишна традиција, овој четири дневен настан е најголем организиран настан за туризам на блискиот исток досега кој успеа на едно место да собере 5 милионска публика. Организиран со идеа да го одалечи фокусот од приходите генерирани од нафтата и природен гас, и да се посвети на поинтензивен развој на туризамот, саемот за туризам во Дубаи претставува двигател на туристичкиот развој не само за Дубаи, туку и за сите земји од заливот.

На саемот за туризам во Дубаи на македонскиот штанд присутни се и македонските тур-оператори Фибула и Бохемија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2017 13:24