Kомпанијата „Гугл“ ја редизајнираше апликацијата „Гугл Ерт“ за корисниците на Андроид уредите и пребарувачот Хром.
Новата верзија на виртуелниот глобус нуди повеќе информации и има подобри функции за прегледување на разни локации ширум светот во 3Д.
Новите виртуелни тури по светот, со помош на редизајнираниот „Гигл Ерт“ ги предводат научници, документатори и други експерти кои им објаснуваат на корисниците детали за планетата Земја. Над 50 експерти се на располагање на корисниците по пат на новата опција „Војаџер”.
Така сега, преку „Гугл Ерт“ можете да го посетите, на пример, Националниот парк „Гомбе“ во Танзанија или да отидете на видео патување во изгубениот град или меѓу урнатините на Маите. Најмладите корисници можат да отидат на излети со куклата Лоли од познатото детско ТВ шоу „Сизам Стрит“.
„Гугл Ерт“ сега има и опција „Се чувствувам среќен“, која корисниците ги води на неочекувани локации. Корисниците на Хром или Андроид речиси сите места – историски, географски или архитектонски чуда на светот, преку „Гугл Ерт“ можат да ги видат тродимензионално од разни перспективи. Овој виртуелен глобус е достапен на 37 јазици.