Герет Бејл, фудбалерот на Реал Мадрид, ќе отсуствува од теренот еден месец поради повреда на мускулите, со која се здоби во Ел Класико.
Напаѓачот беше стартер на натпреварот против Барселона, но бидејќи беше ровит, мораше пред време да го напушти теренот.
Најновите информации кои доаѓаат од Шпанија се дека тој ќе мора да паузира еден месец, што практично значи дека сезоната за него е завршена.
Тоа е голем удар за екипата на Зинедин Зидан, кој нема да може да смета на него во двомечот со Атлетико Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите, како ниту до крајот на сезоната во Ла Лига, која завршува на 21-ви мај. Велшанецот евентуално би можело да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, кое се игра на трети јуни, доколку Реал се пласира.
На фудбалерите на кралскиот клуб им претстои борба за освојување на шпанското првенство и на Лигата на шампионите.