Еден од основачите на Википедија, Џими Велс планира да основа новинска агенција во која комбинирано ќе работат професионални новинари и волонтери.
Според него, целта е Викитрибјун да содржи „факти и неутрални“ написи кои ќе помогнат во борбата против лажни вести.
Намерата е на сајтот да нема реклами, користењето да биде бесплатно, а како и Википедија, да се потпира на донации на читатели.