Фудбалерите на Борусија Дортмунд славеа победа со 3:2 синоќа на гостувањето во Минхен против големиот ривал Баерн и се пласираа во финалето на Купот на Германија.

„Милионерите“ од Дортмунд до триумфот дојдоа со пресврт во второто полувреме по негативата од еден го што ја имаа во првите 45 минути.

Марко Ројс ја доведе Борусија Дортмунд во водство во 19. минута, Баерн изедначи преку Хави Мартинез во 28. минута, а во 41. со погодокот на Матс Хумелс дојде во водство. Ерик Обамејанг по втор пат го изедначи резултатот во 69.минута, а пет минути подоцна Осман Дембеле го постигна победничкиот гол.

Противник на Борусија Дортмунд во финалето закажано за 27 мај во Берлин ќе биде Ајтрахт Франкфурт.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2017 08:48