Убедлива победа од 5:0 забележа тимот на Пари Сен Жермен синоќа на „Паркот на Принцовите“ во Париз над Монако во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Франција.

Стрелци на головите беа Јулијан Дракслер, Едисон Кавани, Сафан Мбае (автогол), Блез Матуиди и Маркињос.

Монако на овој натпревар настапи со „резервисти“, бидејќи тренерот Леонардо Жардим одлучи приоритет да даде на настапите во Лигата на шампионите и да ги одмори најдобрите свои играчи.

Финалето на националниот куп е закажано за 27 мај, а противник на ПСЖ ќе биде екипата на Анже.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2017 08:52