Црвениот крст на град Скопје денеска ќе одржи симулациска вежба во рамки на проектот „Рано опоравување од елементарна катастрофа – Поплава”, поддржан од Австриски Црвен крст и Австриска Развојна агенција.
Вежбата ќе се оддржи во ОУ „25 Мај” во Сингелиќ како едно од шесте училишта опфатени со проектот. Вежбата ќе биде изведена од членовите на тимот на Подготвеност и дејствување при катастрофи, а ќе се симулира евакуација од пожар и земјотрес на учениците и наставниот кадар од училишна средина на безбедна локација. Преку импровизирана жичница и балон ќе бидат евакуирани дел од повредените ученици (маркиранти) соогласно интерниот план за дејствување за време на елементарни непогоди.
На вежбата освен екипи на Црвен крст учество ќе земат и Противпожарната бригада, екипа на Итната медицинска помош и МВР.
Вежбата се одржува со цел подигнување на свеста на граѓаните за значењето на навремена подготвеност и дејствување во случај на елементарни непогоди.