Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека ги презема сите дејствија за расветлување на вчерашните настани пред и во Парламентот.
- Согласно своите надлежности, Јавното обвинителство ќе постапува во сите случаи каде ќе биде утврдено постоење елементи на сторено кривично дело и за секој од настаните по документирањето ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука, се наведува во соопштението од ЈОРМ.
Оттаму посочуваат дека будно ги следат настаните и оти во текот на вчерашниот ден биле воспоставени и вонредни дежурства.
Надлежните јавни обвинители, како што се додава во соопштението, во континуитет се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи.