Турбулентната ситуација создадена вчера во Македонија, случувањата во Турција и односите меѓу Анкара и ЕУ ќе бидат главни теми на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ кој денеска ќе се одржи на Малта.

Ова го јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА додавајќи дека грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас доцна синоќа пристигнал во Валета, по неговата официјална посета на Алжир.

На состанокот во Малта ќе присуствува и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни рабoти на Малта Џорџ В. Вела, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ. Како што соопшти македонското МНР, предвидено е Поповски да оствари билатерални средби.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2017 13:51