Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на својот твитер профил го осуди насилството во македонското Собрание и упати порака дека треба да се почитуваат демократските процеси.
- Шокиран сум од насилството во Парламентот во Скопје. Сите партии треба да го почитуваат демократскиот процес и да се ангажираат за дијалог, а не насилство, вели Столтенберг на твитер профилот.