Граѓаните и денеска протестираат пред домот на Симе Липски, човекот кој што вчера ладнокрвно уби куче во центарот на Скопје.

Насобраните како и вчера вечер извикуваа „Убиец “ и „Монструм“. Домот на Липски во Дебар Маало го чуваат полицајци. Липски синоќа беше приведен, но според активистите, веќе е пуштен.

„Бараме најстрога казна за злосторникот, тој ќе биде гонет по повеќе основи. Според чл. 233 од Кривичниот законик на РМ: Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“, пишуваат од ЕДЕН – Здружение за заштита на животните и животната средина.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека зборувал со Командирот на Полициската станица Центар и дека според она што го информирале од полицијата, обезбедени биле сите докази, официјално е утврден идентитетот, истрагата била завршена, а против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2017 09:16