Фудбалерите на Базел ја освоија осмата последователна титула во швајцарската Супер лига, и тоа на шест кола пред крајот на шампионатот.
Целосната доминација во швајцарскиот фудбал фудбалерите на Базел ја заверија синоќа, коишто со победата во Луцерн ја обезбедија 20-тата титула во историјата на клубот.
Базел славеше со 1-2 (0-1), дојде до 77 бода во шампионатот и со тоа на шест кола пред крајот, го победи најблискиот до него, Јанг Бојс со 24 поени повеќе.
Во Луцерн фудбалерите на Базел поведоа со голот на Сејду Думбија, поранешниот напаѓач на ЦСКА, на Рома и на Њукасл, а за 0-2 погоди Стефен во 71-вата минута од средбата.
Гостинските навивач се плашеа по голот на Шнојвли во 88-мата минута, но Базел до крајот успеа да издржи и да освои нови три бода, коишто му го донесоа и трофејот шампион на Швајцарија.
Бидејќи ова е 20-та титула за тимот од брегот на реката Рајна, од наредната сезона фудбалерите на овој тим на грбот на дресот ќе носат уште една ѕвездичка.