Викендов на „Сквер Јадран“ во Скопје се одржа првиот „Урбан Фест“- фестивал на живите статуи и останaтите на кој свое учество земаа артисти, живи статуи од Германија, Португалија, Холандија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Меѓу учесници тбеа и светските шамиони за живи статуи Џон Еик од Германија, Хелена Реис од Португалија и Афке Вестдиијк од Холандија. Во музичкиот дел настапија Летечки Пекинезери, Фолтин, Бугимен и Шурбе.

Организаторите порачуваат дека сакаат „Урбан Фест“ да стане традиоцинален фестивал кој ќе се оддржува во главниот град и од година во година се повеќе да расте и да се проширува.

– „Урбан Фест“ оваа година имаше и хуманитатерн карактер, за помош на Наташа која е самохрана мајкаи и боледува од рак на желудник. Во шапките на артистите, кои без колебање се согласија да бидат дел од хуманитарната акција се собраа над 20.000 денари, помош за Наташа. Доколку „Урбан Фест“ стане традиоционален со сигурност ќе продолжи со својата хуманитарност, велат организаторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2017 12:42