Бензините и дизел-горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден и пол денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66 денари, на „еуросупер БС-98“ е 68 денари, а на „еуродизел“ – 51 денар.
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,86 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,035 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.