Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти стана прв тренер кој освои четири шампионски титули во пет големи првенства на Европа.
Последната во низа стигна во саботата, кога со Баерн ја освои нивната петта последователна, а негова прва во Бундеслигата.
Анчелоти покрај германската шампионска титула, ги има освоено и титулите на Серија А, на Премиер лигата и на француската Лига 1.
Италијанското првенство го освои со Милан во 2004 година, шампионатот на Англија во 2010 со Челзи и со ПСЖ во 2013 година ја освои шампионската титула на Франција.
Единствено неуспех имаше во Реал Мадрид, каде што не успеа да ја освои Примера лигата во два наврати, но на Кралскиот клуб во 2014 година му го донесе трофејот на Лигата на шампионите.