Во периодот од септември до сега тој организирал транспорт на дрога од Албанија во нашата држава, по што во Скопје организирал мрежа на препродавачи.
Во парк шумата Гази Баба, вчера по полноќ било пронајдено лице кое барало помош, по што полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за лице со иницијали К.К. од Скопје.
Државјанин на Турција, вчера во Полициската станица Центар пријавил дека бил измамен од женско лице од Скопје, откако на социјалната мрежа Фејсбук видел дека се изнајмува стан, стапил во контакт и договорил средба.
Полициски инспектори за спречување на недозволена трговија со дрога и специјалците од САЕ Тигар денеска спречија меѓународен транспорт на дрога од Албанија во нашата држава.
До вторник до крајот на денот ќе се задржи стабилно, а нов влажен бран ќе започне од ноќта кон среда од северозапад. Врнежите ќе бидат од дожд, во среда на високите планини од снег, а во четврток снег ќе има и понекаде на северозападот и на повисоките места, соопшти УХМР.
Жител на кавадаречко село вчера попладне бил лишен од слобода од страна на полицијата, бидејќи бил пријавен од девојка дека недолично се однесувал и соблекувал пред неа, информираа денеска од СВР Велес.
На 03.12.2023 во 03.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(21) од Скопје.
При сообраќајни контроли од страна на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој од пладне ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Струмица стапуваат на сила мерките за надминат праг на аерозагадување, бидејки два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање.