Второто место ѝ припадна на Фросина Михајловска од АК „Аеродром“, со време 10:39 минути, додека на третото место се пласираше Дарија Крстевска од АК „Олимп“, со резултат од точно 11 минути.
Во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот’“ во Велес неделава почнаа подготовките за новата претстава „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Александар Ивановски.
На местото на пожарот веднаш било интервенирано од Територијалната противпожарна единица Охрид со три возила и десетина пожарникари.
Општина Бутел соопшти дека денеска почнало асфалтирање на улицата „30“ - главна во населеното место Љуботенски пат, која е во должина од 900 метри.
Минатиот викенд, ученици од СТЕМ академијата учествуваа на Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина од каде што се вратија со пет награди.
Нагласи дека за 8 до 10 проценти е зголемен интересот за тутунопроизводство.
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи запреле малолетник кој управувал патничко моторно возило, а родителот кого го повикале агресивно се однесувал кон нив.
Кавадарчанец бил лишен од слобода, со алат се обидел да влезе во туѓ дом, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Факт е дека сѐ до појавата на овој АБЕЦЕДАР, македонското дете немало буквар, учебник, па и книга од кои можело да се описменува, да научи да чита и воопшто да чита на својот мајчин, македонски народен јазик.
На средбата се разговараше за предизвиците во делот на противпожарната заштита и одржувањето на фасадите.