Времето утре и во следните денови ќе се задржи претежно облачно со утринска магла по одделни котлини и умерен до засилен ветер од јужен правец
Општина Битола од овој петок во своето работење ќе реализира Отворен ден на градоначалникот Тони Коњановски со граѓаните
Во текот на вчерашниот ден (23.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 126 возачи
Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, денеска поднесе предлог Одлука за доделување на финансиска помош на семејствата на настраданите во сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија
Без вода денеска од 10:30 часот ќе бидат корисниците на трите згради до Голден Арт во населбата Маџари во Скопје
На 23.11.2021 во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода E.Р.(25) од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик
Жителите на Суво маало во Македонска Каменица ќе останат без вода за пиење
Советот на Меѓународната поетска манифестација „Караманови средби на поезијата“ од триесетината автори од цел свет, кои ќе бидат застапени во антологијата на овие средби, одлучи Светската награда за поезија да и ја додели на еминентната италијанска поетеса Клаудија Пичино, а наградата „Караманов“ за поезија од македонски автори на поетот Христо Петрески
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денеска и утре со почеток од 18:00 часот се прикажува филмот за деца „Брат ми брка диносауруси“, најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година
На 23.11.2021 во 19.50 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје