Пролетната сеидба и другите агро активности во битолскиот дел на Пелагонија е во полн ек. Земјоделците во овој период од годината ја подготвуваат почвата за сеење на поледелски култури, а зависно од видот и фазата на плевелите, кај пченицата и јачменот се реализира и третманот со хербициди
Како резултат на новите одлуки од Владата во врска со коронавирусот, Општина Карпош ги известува сите фирми кои вршат достава на храна / лекови, а кои веќе имаат добиено известувања од Општината за вршење на дејност и во полициски час – дека истите и понатаму имаат важност (во тек на работната недела после 19:00 часот и за време на викендот)
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (22/23.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 66 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки
Времето утрово е облачно,а во југозападниот дел од земјата има врнежи од дожд. Во Лазарополе има појава на снег, а до 7 часот таму наврнаа два сантиметри
Организацијата „Една може“ од денеска започнува активности поттикнати од вонредната состојба за поддршка на еднородителски семејства во ризик
Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
Општинскиот штаб за заштита и спасување по добивање на известувањето за спроведување на дијагностичко тестирање за коронавирусот, согласно алгоритмот за тестирање упати барање до Комисијата за заразни болести за преиспитување на исправноста на одлуката за воспоставување на ваков алгоритам.
Од утре, четврток (23.04.2020 год) со оглед на најновата одлука на Влада на РСМ за забрана за движење на населението во период од 19-05 часот, јавниот превоз ќе сообраќа до 19 часот, во две смени, од 5 до 9, па од 13 до 19 часот.
Медицинскиот персонал од приватната педијатриска амбуланта „Педијатрија-Д" во Дебар повторно е во служба на здравјето на децата од поширокиот дебарски регион.
Во Дебар веќе седми ден нема новодијагностицирани со „Ковид-19“ а само уште двајца, од претходно заразените се на домашно лекување.