Работник во комунално претпријатие на 40 години бил прегазен од 55-годишен колега, двајцата вработени во општина Боговиње. Несреќата се случила претпладнево околу 11 часот на локалниот пат што минува низ селото Пирок
Годинешното 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено со концерт на светски познатата уметничка, британската виолинистка Ванеса Меј
Светската академија на поезијата при УНЕСКО (Accademia Mondiale della Poesia), се огласи со поддршка на претстојната манифестација – Првиот Балкански поетски камп за деца и млади, насловен: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески”
Општина Карпош пријави до полицијата два правни субјекта кои фрлале отпад на јавни/приватни површини и коишто придонеле за загадување на животната средина
Јубилејната 20. литературна манифестација „Илинден“ почна со стихови на Кочо Рацин во Домот на култура „Илинден“, а заврши во велелепниот амбиент на манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Дељадровци, со стихови на Раде Силјан, Гане Тодоровски и Матеја Матевски, интерпретирани од Антонио Павловски
Од здружението за заштита на животните Анима Мунди излегоа со реакција за структурата на новоформираното претпријатие ЈП Лајка дека во него ќе бидат „вдомени“ партиски кадри и дека со него ќе управува невладина организација формирана пред само два месеци.
„Беше еднаш во Скопје“. Вака симболично во духот на добро раскажување, синоќа во Даут-пашиниот амам беше отворен 7. Интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“. Амбасадори, културни аташеи, писатели, љубители на пишаниот збор беа дел од публиката, која имаше ретка можност на едно место да види толку големи имиња од балканската литература, информираат од тимот на „Про-За Балкан“
Амбасадорот Жбогар во обраќањето истакна дека водата треба да се користи внимателно во време кога ја има се помалку во светот
Општина Аеродром во изминатиот период асфалтираше улици со површина од 4.000 квадратни метри
Утре во Домот на литература во Варшава и на 24 мај во рамките на Меѓународниот саем на книгата ќе се одржи промоција на романот „Но-Уи“ од Лидија Димковска преведен на полски од Данута Ќирлиќ Страшинска, а објавен од издавачката куќа „Библиотека Слав“ од Варшава, Полска