Поради сообраќајна незгода што се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, кај бензинската пумпа „Окта“, сообраќајот од 15:15 часот се пренасочува по стариот пат, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Од денеска, во рамките на втората фаза од едукативниот проект „Паркирај совесно“, учениците од трета година средно образование, кои во изминатите два месеци беа вклучени во интерактивните предавања за сообраќајна култура, ќе патролираат на паркиралиштата во Скопје и практично ќе го покажат своето знаење.
Поради посетата на папата Франциск, во Скопје се воведува посебен сообраќаен режим и промени во движењето на граѓаните, информираат од Град Скопје.
Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ ги информираат жителите од општината Центар, дека во пресрет на апостолската посета на папата Франциск ќе бидат спроведени безбедносни мерки коишто налагаат привремено дислоцирање на садовите за исфрлање на отпадот.
Во Тетовско денешниот православен празник Свети Великомаченик Георгиј Победоносец се одбележа со црковно-народни собири во црквите со името на светецот кои се наоѓаат во Мала Речица и Туденце. Во манастирската црква во Мала Речица, по повод Ѓурѓовден, света литургија одржа митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Поради посетата на Папата Франциск утре се воведува специјален сообраќаен режим и траси на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Инфективната анемија го вклучи алармот. Ако не се појавеше, пребројувањето и обележувањето на копитарите во земјава ќе почекаше – до почетокот на преговорите за членство во ЕУ, како што предвидуваа надлежните. Но, болеста не само што им го изјалови планот, туку и ја забрза целата постапка.
Од 5 до 19 часот утре, за време на Апостолската посета на папата Франциск ќе автобусите на ЈСП ќе возат по посебен режим на сообраќај.
Денеска и утре /07.05.2019 година, вторник/ поради посетата на Папата Франциск, во Скопје сообраќајот ќе се одвива по специјален режим.
Поради посетата на папата Франциск патниците кои утре имаат утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во седум часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот, патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, соопшти концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија.