Дваесет и осумгодишен жител на струшкото село Радолишта се заканувал на семејство на негов соселанец, соопшти СВР Охрид.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, полициската станица од општа надлежност-Дебар, во соработка со единицата за имотен и насилен криминалитет при Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против З.Ф.(49) од дебарското село Коњаре и Н.Т.(45) од Дебар.
Службите на Здравствен дом на Скопје во тек на престојните празнични денови ќе обезбедуваат 24-часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во Поликлиниката Идадија,Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари , Драчево и Букурешт.
По повод претстојните Велигденски празници Ве известуваме дека од 26.04. (петок) до 29.04.2019 година (понеделник) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М.
Земјотрес со интензитет од 2,8 степени според Рихтеровата скала утринава во 03 часот и 11 минути е почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината.
Музејот, Спомен куќа на Тодор Проески на Гумење во Крушево денеска одбележува осум години од отворањето. По тој повод во Спомен куќата на Гумење ќе се одржи музичка работилница на која ќе учествуваат реномирани и талентирани музичари и композитори.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
По повод претстојните велигденски празници, в петок, 26 април, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160, 180, што ќе возат по делничен возен ред.
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска ќе учествуваат во Акцијата против аерозагадувањето која ќе се одржи во Скопје, а ќе се спроведе и на локации во Тетово и Кичево.
Библиотеката „Макс ван дер Штул“ при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Градската библиотека „Кочо Рацин“ -Тетово одржаа заеднички настан насловен „Читање и млади“ во насока на мотивирање на студентите што повеќе да читаат книги