Во последно време гледаме дека и оние малку зелени површини на градот на улица Борис Кидрич, тивко се заменуваат со бекатон, реагираше денеска Еко Герила, невладина организација активна во областа на животната средина
Поради најавено снимање утре сообраќајот на улицата „1732“, на потегот од кај ресторанот „Опатија“ до фудбалскиот терен на АРМ, ќе биде затворен во период од 6:00 до 19:00 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.
Дваесет и петгодишно момче е повредено вчера на работно место во фабрика во Виница.
Двајца браќа од Скопје се приведени бидејќи при претрес во нивниот дом пронајдени се повеќе различни пакувања марихуана и оружје.
Сто и педесет илјади евра се одземени во вчерашниот грабеж во експозитурата на НЛБ банка во Чаир, соопштуваат од Банката.
Со две нови стручни публикации тетовското оддление на Државниот архив го збогатува својот фонд на книги.
Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека може да ги искористат субвенциите за набавка на печки на пелети и да надоместат дел од трошоците направени при набавка на печката. На јавниот повик што Градот Скопје го објави на 31.01.2019 година, а ќе трае до 30 ноември 2019 година, досега се пријавиле 273 граѓани.
Изминатиот месец струшката пожарна интервенирала 88 пати, што е речиси седум пати повеќе во однос на истиот месец, претходната година кога биле извршени 14 интервенции.
– Над 450.000 граѓани во Македонија имаат проблем да ги обезбедат сите оброци во текот на денот. На овие 29 локации граѓаните ќе можат да донираат храна која ќе биде со подолг рок на траење. Храната ќе биде ставена во пакети кои ќе бидат дистрибуирани до различни категории на социјално загрозени граѓани, вели Блаже Јосифовски од мрежата „Сите сити“.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид Митре Милошевски во денешното негово предизборно обраќање пред јавноста најави реконструкција на повеќе градски улици.