Мажите можат да ослабнат со акупунктура на увото, се посочува во ново истражување претставено на Европскиот конгрес за борба со дебелината во Ирска оваа седмица. Резултатите се објавени во научното списание „Би-ем-џеј Опен гастроентеролоџи“ (BMJ Open Gastroenterology).
Американскиот режисер Мартин Скорсезе во интервју за „Дедлајн“ (Deadline) открива зошто го користи Леонардо ди Каприо во повеќето, т.е. наизглед сите негови филмови од 21. век.
Принцот Хари и неговата сопруга Меган биле вовлечени во опасна брканица со коли на папараци во Њујорк, што можело да резултира во „катастрофален“ исход, изјави нивниот портпарол.
Шакира објави нова песна наречена „Acróstico". Ѕвезди на видеоспотот се нејзините синови Саша (8) и Милан (10), кои пеат со својата мајка и свират на клавир, бидејќи таа, всушност, им посвети песна и спот којшто вклучува низа снимки од кога биле бебиња.
„Гугл“ ќе ја заостри својата политика во врска со неактивните „Џи-мејл“ адреси за електронска пошта оваа година. Оние кои сакаат да го задржат својот профил на „Џи-мејл“ (Gmail) ќе мора да влезат во него барем еднаш на секои 24 месеци бидејќи профилот може да биде избришан.
Четката за заби е еден од оние предмети што биле во директен контакт со микроорганизмите на настинката. Според американскиот стоматолог Гери Лиу, особено е важно да се земе нова четка, при присуство на заболувања како херпес, грип, болки во грлото, па тука спаѓа и обичната настинка.
Имено, поп-ѕвездата е снимена како го напушта студиото „Електрик лејди“ во Њујорк со британскиот музичар Мети Хили - насмеана.
Американскиот глумец Мајкл Даглас ја доби почесната „Златна палма“ на отворањето на 76. издание на Филмскиот фестивал во Кан. Претставувајќи го Даглас, неговата колешка, глумицата Ума Турман го опиша како „еден и единствен - и како продуцент, и како легендарна филмска ѕвезда“.
Денев годинава е заштитно лице на фестивалот, а нејзин огромен портрет е на влезот од палатата. Црно-белата фотографија е од 1968 година од продукцијата на „La chamade“ во режија на Ален Кавалие.
Адвокатот на принцот Хари денеска пред судот во Лондон изјави дека на овој член на британското кралско семејство треба да му се дозволи да ја оспори владината одлука која му го ускрати правото да плати за полициска придружба за време на неговата посета на Велика Британија.