Најавен е биографски стрип за американската пејачка Тејлор Свифт. Илустрираната книшка со 22 страници го прикажува подемот на современата „поп-кралица“, со нагласка на некои од нејзините достигнувања во кариерата.
Комичарот Џими Кимел четврти пат ќе биде домаќин на доделувањето „Оскари“, објавија вчера организаторите на најпрестижната свеченост во Холивуд.
Играше и во Државен службеник (2019-2020), Името на нацијата (2020), Александар од Југославија (2021), Калкански Кругови (2021), Време на Злот (2021), Летото кога научив да летам и Херои (2022).
Документарецот го носи називот според истоимениот сингл на Тупак од 1995 година. Во режија на Алан Хјуз, серијалот го истражува животот на убиениот уметник, и делумно оној на неговата мајка, покојната активистка Афени Шакур. Документарниот серијал се емитува на стрим-платформата „Хулу“.
Популарната драма на Нетфликс за животот на кралицата Елизабета Втора, „Круна“ продолжува со 10 епизоди. Имено, шестата и последна сезона од ТВ-серијата ќе се емитува во две етапи - пет епизоди ќе се прикажуваат од утре - четврток, а останатите пет од 14 декември.
Пол Макартни си спомна за животот на Џон Ленон на гостување на „Ајхарт рејдио“ и откри како покојниот член на „Битлс“ размислувал за смртта неколку години пред да биде убиен.
- Ова е мојот главен ручек за којшто се потребни две минути да се подготви... Има 40 грама протеини и чини помалку од два долари, вели таа во нејзиното видео.
Модниот магнат Питер Најгард, кој има финско и канадско државјанство, вчера во Торонто, Канада, е прогласен виновен за сексуално злоставување на четири жени.
Ким Кардашијан позираше во новата кампања на својот бренд за облека „СКИМС“ - во бермуди, со руса коса, несекојдневна шминка, а градите си ги покри со лизгалки. Таа, според познавачи, со оваа кампања ги имитира рекламите на „Ланге ски“.
Компанијата на Роберт де Ниро ќе треба да ѝ плати повеќе од 1,2 милиони долари на неговата поранешна лична асистентка како отштета, откако Судот утврди дека неговата продукциска компанија допуштила полова дискриминација.