Судот во Келн, Германија, му забрани на супермаркетот „Алди“ да го продава чоколадото „Дубаи“, наведувајќи дека популарната закуска може да се вика така само ако е произведена во Обединетите Арапски Емирати.
Наставниците нѐ учат многу повеќе од математика, читање и пишување... Нивното искуство, се вели, често носи вредни лекции и за животот, воспитувањето и меѓучовечките односи.
Родителите вообичаено сакаат да ја препознаат и поддржат дарбата на своето дете, но понекогаш е тешко да се открие за што навистина тој / таа е талентиран(а).
Пушачите добија уште една причина да се откажат од својата навика во Новата година, бидејќи најново истражување спроведено во Велика Британија покажа дека мажите губат 17 минути од животот со секоја испушена цигара, а жените - 22 минути.
Кога детето редовно ги игнорира укажувањата и советите на возрасниот, тоа може да значи дека не го сфаќа сѐ тоа сериозно, или пак, не гледа личност на авторитет пред себе.
Селото Белкастро во јужна Италија, коешто е оддалечено 45 километри од најблиската болница, издаде декрет којшто „им забранува“ на жителите да се разболуваат, објави „Би-би-си“.
На првата аукција за туни годинава, на познатиот пазар за риби во Токио, сина туна беше продадена за 207 милиони јени (околу 1,28 милиони евра).
Бројот на наставници во Јапонија кои земале боледување поради проблеми со менталното здравје достигна рекордни 7.119 во 2023 година, што е зголемување трета година по ред, покажа владиното истражување.
Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на 40-то место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година, на британската консултантска компанија Хенли & Партнерс.
Така, „муабетот“ со чашка алкохол или вино ја губи својата привлечност пред вежбањето кое има се поголемо значење во секојдневниот живот.