Дедо Цане Гелевски од селото Бурилчево, општина Чешиново-Облешево, денеска го прослави 102 роденден, а поради пандемијата од Ковид-19 свеченоста беше само со најблиските од семејството.
Карлос Сорија е 81-годишен Шпанец, обожавател на планинарењето. Вели дека кога ќе излезе од дома за да тренира по планините околу Мадрид, носејќи заштитна маска, тоа го потсетува на времето минато на Хималаите
Крава именувана по Викторија Бекам, од расата Лимузин, е продадена на аукција за рекордна цена од 262.000 британски фунти
Куќата на серискиот убиец Џејми Гамб од „Кога јагнињата ќе стивнат“ (улогата е на Тед Ливајн), во која беа снимени повеќе сцени од петкратниот оскаровски филм, наскоро ќе стане хотел за ноќевање и можност за посета на познатата хорор-зандана.
Јапонски астрономи ќе истражуваат примероци на почва земена од далечен астероид за да се обидат да го откријат изворот на топлина што го променил тоа небесно тело.
На Американец од Сан Диего, Калифорнија, му бил вратен паричник то го загубил пред повеќе од 50 години на Антарктикот.
Во Јапонија, поточно во градот Хакодате е отворена првата гостилница за луѓе што претпочитаат да бидаат сами со себе и со чашката…
Израелски научници тврдат дека пронашле докази дека луѓето почнале да јадат маслинки 4.000 години порано отколку што се сметаше досега
Борис Милошиќ од Сплит, Хрватска, го собори рекордот за најдолга подводна прошетка во еден здив во машка категорија, со тоа што на 1 март лани под вода изодел 96 метри, информираат од Организацијата на Гинисови рекорди.
На Мадагаскар е откриен е нов вид камелеон, којшто, се чини, е најмалиот рептил-влекач во светот. Се работи за новиот вид „Brookesia nana“ или нано-камелеон, кој се вбројува во најмалите ’рбетници, според „Њу атлас“