Во Минхен денеска свечено беше отворен познатиот германски фестивал на пивото „Октоберфест“, јави ДПА.
Саламата Паризер која ја јадеше претседателот Вучиќ стана најпребаруван поим на Гугл во последната недела во Србија.
Во белешката во каталогот се наведува дека „го носела Дијана Спенсер во 1981 година на поло-натпревар на принцот Чарлс“.
Не толку интензивен, но секако и средниот век бил инвентивен и иновативен. Од оние времиња останале голем број пронајдоци и откритија што луѓето ги користат и денес. Следат девет средновековни изуми коишто веројатно ќе ги користиме и следните стотици години.
Европскиот парламент денеска со 234 гласа „за“, 175 „против“ и 122 „воздржани“ усвои Извештај со кој се бара преземање мерки од страна на ЕУ за справување со последиците од проституцијата, со кои меѓу другото се предлага и кривично гонење на корисниците на сексуални услуги.
Посочувајќи дека повеќе од две третини од езерото и припаѓа на земјава, а остатокот на Грција и Албанија, порталот наведува дека станува збор за едно од најстарите езера во Европа, старо пет милиони години, кое е дом на повеќе од 2.000 видови риби, птици, цицачи и растенија.
Кинеската компанија за производство на лесни авиони, „КАНДО“ изврши тестирање на тн. летачко такси, во Ерусалим, Израел. Се работи за самоуправувачко електрично летало што во иднина треба да служи за превоз на патници.
Новооткриен пајак, пронајден во Австралија, го доби името по британскиот глумец Том Харди, кој го глуми антихеројот Веном, во истоимениот филм на „Марвел“.
Во центарот на Софија се отвора Музеј на ракијата. Посетителите ќе можат да вкусат различни видови од овој традиционален балкански алкохолен пијалак.
- Вистински животни во рингот - тоа денес веќе не е в ред, според нас, изјави раководителот на циркусот, Патрик Филаделфија.