Изворите наведоа дека и Египет покренал сопствена иницијатива, барајќи од Израел целосно да ја прекине операцијата во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа во близина на египетската граница.
Европскиот парламент со 357 гласа „за“, 20 „против“ и 58 „воздржани“ денеска усвои Резолуција со која „силно се осудуваат“ неодамнешните ирански напади со дронови и проектили врз Израел и се повикува на воведување на дополнителни санкции кон Иран.
Шефот на белоруската безбедносна служба Иван Тертел изјави дека службата спречила напад со дронови врз Минск, лансиран од Литванија.
Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин и во Бранденбург откриле повеќе од сто килограми кокаин во пакетите со банани.
Палестински тимови за цивилна заштита ископаа 392 тела од масовни гробници во Кан Јунис“, пренесува агенцијата Анадолија.
Во главниот град на Тајланд, Бангкок денеска е издадено ново предупредување поради екстремните температури на воздухот. Според метеоролозите денеска се очекува температурата да се искачи над 52 Целзиусови степени.
Европскиот парламент денеска усвои Резолуција со која се повикуваат лидерите на ЕУ и земјите членки итно и енергично да се спротивстават на обидите за руско мешање.
Санчез синоќа објави писмо во кое вели дека се повлекува на пет дена за да размисли дали да остане премиер по „подмолните“ и „лажните“ напади врз неговата сопруга и врз него од „десницата и екстремната десница“.
-Соединетите Американски Држави се директно вклучени во овој конфликт, тие тргнаа на патека насочена кон зголемување на опсегот на вооружениот систем, рече Песков.
Новоизбраниот претседател на Тајван Лаи Чинг-те, кој треба да ја преземе власта во мај, денеска именуваше нови министри за надворешни работи и за одбрана, бидејќи островот се соочува со тековни воени закани и дипломатска изолација од Кина.