Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен денеска го повика етиопскиот премиер Аби Ахмед да дозволи меѓународна истрага за злосторствата пријавени во етиопскиот регион Тиграј, каде војската одржува ред од ноември.
Повеќе од 15 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопат во близина на американско-мексиканската граница во Калифорнија.
Европската агенција за лекови (ЕМА) планира на 11 март да одлучува дали ќе ја дозволи употребата на вакцината против Ковид-19 на американскиот фармацевтски производител „Џонсон & Џинсон“ на територијата на ЕУ, соопшти Агенцијата денеска, пренесе ДПА.
Европската комисија денеска соопшти дека разгледува итно одобрување на вакцини против Ковид-19 како побрза алтернатива на построгите условни одобренија какви што се спроведени досега.
Директорот на Федералното биро за истраги, Кристофер Реј, денеска е на распит пред сенатскиот Одбор за правосудство, темата се настаните околу упадот во Капитолот на поддржувачите на експретседателот Доналд Трамп.
Нигерија денеска прими речиси четири милиони дози вакцини од „АстраЗенека“ против Ковид-19, соопшти Министерството за здравство на социјалните мрежи.
Државната обвинителка Суела Брејверман денеска стана првата членка на британската Влада која го искористува породилното отсуство, а притоа ја задржува својата работа, бидејќи во сила стапи новиот закон што го дозволува тоа.
Околу 2.000 студенти протестираа денеска против властите во Алжир и покрај забраната за собири поради епидемијата на коронавирусот.
Откриениот бразилски сој на Ковид-19 може да предизвика реинфекција кај 61отсто од луѓето кои веќе имале коронавирус, покажува новата студија објавена од Империјал колеџ во Лондон, Универзитетот Оксфорд и Универзитетот во Сао Паоло.
Италијанскиот вулкан Етна денеска повторно исфрли пепел, а со помош на ветрот чадот и пепелта се кренаа многу високо во воздухот и стигнаа до пристанишниот град Катанија.